Хоџај: Македонија побара поддршка од Косово за спроведување на двојазичноста

Косовскиот заменик-претседателот на Владата, Енвер Хоџај, на денешната владина седница, обелодени дека македонската Влада побара поддршка од Владата на Косово за што поскора примена на двојазичноста во институциите на Македонија на сите нивоа.

Ова барање, Владата на Република Македонија го направи врз основа на добрите искуства на Косово во оваа област, уште од поствоениот период, од кога го применувама албанскиот и српски јазик како два официјални јазика, пренесува во петокот порталот Журнал.

„На барање на Владата на Македонија, сега по официјализирањето на употребата на албанскиот јазик, потребна е поддршка од косовската Влада за да им помогне за на најбрз начин да се примени вдојазичноста во институциите, материјали и други нивоа во Македонија бидејќи Косово има добро искуство уште од после војната “, рече Хоџај.

Изрази верување дека Владата на Косово може да обезбеди таква поддршка, во меѓувреме, тој нагласи дека постои политичка волја за да и` се обезбеди целосна поддршка на соседната држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.