Хоџсон нема контакт со реалноста

Иако неговиот тим е предмет на исмејување и со право е дефиниран како најголемо разочарување на фудбалскиот Мундијал во Бразил, селекторот на Англија, Рои Хоџсон и понатаму е убеден дека е вистинскиот човек за селектораската функција иако под негово водство „Гордиот Албион” забележа очаен резултат и на последното ЕП во Украина и Полска.

„Мислам дека сум вистинскиот човек што треба да ја продолжи работата со оваа генерација. Имаме добра генерација, иако во Бразил не го даде својот максимум. Мислам дека и луѓето од ФА на Англија го делат тоа мислење. Имаме слични визии за иднината”, изјави Хоџсон кој се почето се критикуван од англиските медиуми и од најверните фанови.