Хојт Ји во четврток доаѓа во Македонија

Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент Брајан Хојт Ји во четврток ќе престојува во посета на Република Македонија.

Информацијата ја потврдија за МИА од Амбасадата на САД.

На средбите со македонските соговорници се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и за спроведувањето на договорот во Пржино.