Спорт

Холандија е последниот полуфиналист

Холандија е последниот полуфиналист

Благодарение на резервниот голман, Тим Крул, кој одбрани два пенала во најмалку посакуваниот пенал-рулет, репрезентацијата на Холандија забележа заслужен триумф во дуелот против селекцијата на Костарика и обезбеди пласман во полуфиналната рунда каде за противник ќе го има големиот фаворит за светската титула, националниот тим на Аргентина. Дуелот помеѓу “гаучосите” од една страна и популарните “лалиња” од другата страна ќе биде одигран на 9 јули во Сао Пауло со почеток во 22:00.

Кога е во прашање последниот 1/4 финален дуел, истиот заврши без погодоци во регуларните 90 минути, а немаше погодок ниту во двете продолженија од по 15 минути.
Во самиот финиш од натпреварот, селекторот на Ххоландија, Луи ван Гал се одлучи да направи забена на голманската поиција, а таквиот негов потег се покажа како пресуден за пласманот во следната рунда.
Резервниот голман Тим Крул ги одбрани ударите на Руиз и Умања и на најдобар начин се заблагодари за укажаната доверба.

“Секој фудбалер кој го имам на располагање има одредени квалитети. Крул е совршен кога се во прашање ударите од белата точка поради долгите раце. Секој голман е квалитетен на свој начин, но Крул има подобар рекорд од Јаспер кога се во прашање ударите од белата точла. Пред натпреварот разговарав со Тим, му кажав да ги анализира противничките фудбалери кои изведуваат удар од белата точка. Сите сме заслужни за овој голем успех”, изјави по натпреварот селекторот на Холандија, Луи ван Гал.