Холандија ги зајакна безбедносните мерки на аеродромите

Поради експлозиите во Брисел зголемени се мерките за безбедност на аеродромите во Холандија, а на границата со Белгија е зајакната контролата.

– Преземаме дополнителни мерки поради безбедност. Тоа значи дека има дополнителни полициски единици на аеродромите во Схипхол, Ротердам и Ајндховен, а зајакнати се и мерките на јужната граница, соопшти службата.

Засилени мерки за безбедност има и на железничките станици во Холандија.