Холандија го преслуша Чиле и договори дуел со Мексико

Последниот дерби натпревар во групата “Б”, дуелот помеѓу непоразените репрезентации на Холандија и Чиле, заврши со сигурен триумф на “лалињата” од 2:0.

Со освоените три бода, репрезентацијата на Холандија ја осигура првата позиција и за противник во 1/8 финалната рунда го доби незгодниот тим на Мексико, а Чиле во првата елимимациска рунда ќе му се спротистави на домаќинот, репрезентацијата на Бразил.
Иако доминираше во поголемиот дел од натпреварот, Холандија дојде во водство во 77 минута со погодокот на Лерои Фер, а во самиот финиш од натпреварот, во листата на стрелци се запиша и најголемиот холандски талент, Мемпфис Депаи.
“На претходните два натпревара, против нас беа досудени непостоечки пенали, но на овој натпревар имаве фантастично судење. Не ме интересира изјавата на мојот колега од спротивната страна. Девет бода од три натпревари, десет постигнати и три примени погодоци, два непостоечки пенали, никој не го очекуваше овој резултат”, изјави по натпреварот селекторот на Холандија, Луи ван Гал.