Свет

Холандија испрати 5,5 тони помош за украинската војска

Холандија испрати 5,5 тони помош за украинската војска

Помош од Холандија денеска пристигна за украинската војска во Украина, изјави Валентин Федичев, заменик-раководител на антитерористичката операција во Доњецк и Луганск.

Пратката од Холандија веќе ја преминала полско-украинската граница. Таа содржи маскирна облека, панталони, маскирни јакни и друга опрема, рече Федичев.

Тој истакна дека пратката е речиси 5,5 тони, пренесе ТАСС.