Бразил2014

Холандија ја понижи Шпанија

Холандија ја понижи Шпанија

Можеби најинтересниот натпревар кога е во прашање првото коло од групната фаза, дерби пресметката во групата “Б” помеѓу финалистите од претходниот Мундијал, репрезентациите на Холандија и Шпанија, заврши со убедлив, со историски триумф на холандските „лалиња” од 5:1.

Избраниците на Луи ван Гал на најдобар може начин и се реваншираа на “црвената фурија” за минималниот пораз во финалниот натпревар од пред 4 години.

Шпанија дојде прва во водство, откако Чаби Алонсо успешно го реализираше ударот од белата точка, но потоа по два погодока постигаа Робин ван Перси и Ариен Робен, а во листата на стрелци се запиша и Стефан де Вриј.