Холандија килаво, но доволно за осминафинале

Нови три бода на своето конто запишаа репрезентативците на Холандија кои со минималниот триумф од 3:2 во дуелот против селекцијата на Австралија и математички го осигураа пласманот во 1/8 финалната рунда.

Популарните “лалиња” дојдоа во посакуваното водство со погодокот на Ариен Робен, во веќе во следната акција, пректасен погодок постигна искусниот играч за врска, Тим Кејхил.

Австралија дојде во водство на стартот од второто полувреме откако Миле Јединак успешно го реализираше ударот од белата точка. Само неколку минути подоцна израмнувачки погодок постигна Робин ван Перси, а планираните три бода беа освоени со прекрасниот еврогол на Мемфис Депаи.

„Честитки до моите фудбалери, бевме во лоша ситуација, но на крајот ги освоивме сите три боа. Сите се заслужни за оваа победа. Во ниту еден момент не покажавме знаци на некаков страв. Точно дека ризикувавме во некои ситуации, направивме неколку грешки, но јас сум задоволен од играта на моите фудбалери. Задоволен сум од реакцијата после вториот погодок на Австралија, создадовме неколку чисти шанси, бевме доволно сконцентрирани пред противничкиот гол. Самодовербата беше на највисоко можно ниво после паузата, знаевме што сакаме, пласман во следната рунда,“ изјави предводникот на Холандија, Луи ван Гал.