Холандија ќе донира 750 илјади евра за Газа

Холандија ќе испрати 750.000 евра како неопходна помош за жителите од Појасот Газа, изјави холандската министерка за надворешна трговија и развој Лилиане Плоумен.

Според неа, ситуацијата во Газа е сериозно загрижувачка.

„Најстрашно е што најмногу страда мирното население, вклучувајќи ги и децата, кои немаат никаква врска со конфликтот“, истакна Плоумен.

Податоците на холандското Министерство покажуваат дека над 300.000 лица во реонот останале без своите домови, а околу 6.000 се повредени. На реонот му се заканува хуманитарна катастрофа, која организациите како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст се обидуваат да ја спречат.

За таа цел се потребни најмалку 14,5 милиони евра, а засега се обезбедени само 16 отсто од оваа сума.