Холандија ќе напаѓа, Костарика ќе се брани

На хартија, најлесен пласман во полуфиналната рунда се очекува од репрезентацијата на Холандија која важи за апсолутен фаворит во последниот 1/4 финален дуел, каде за противник го има најголемото изненадување во Бразил, селекцијата на Костарика.

Иако, веќе ги елиминираа репрезентациите на Англија, Италија и Грција, мала е веројатноста дека Костарика денеска ќе излезе на крај со холандското трио Ван Перси – Робен – Снајдер.
Иако се жалеше на болка во левиот бутен мускул, капитенот на “лалињата”, Робин ван Перси ќе биде во конкуренција за почетниот состав.

„Холандските медиуми беа убедени дека овој тим, нема да избори пласман во следната рунда, а сега за истите медиуми, Холандија е најголем фаворит за светската титула. Не ми се јасни тие медиуми. Јас располагам со една група на фудбалери кои се многу скромни, кои мислат само на следниот противник. Точно дека имаме победнички дух, победнички менатлитет. Атмосферата е на посакуваното ниво, со нетрпение го очекуваме стартот на натпреварот. Костарика за мене е многу незгоден, многу тежок противник. Ако не е така, тогаш што бара Костарика во 1/4 финалната рунда. Нема никаков проблем со здравствената состојба на Робин ван Перси, сигурно дека ќе го стартува и овој натпревар”, изјави селекторот на Холандија, Луи ван Гал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.