четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Холандија планира значително да го намали бројот на мигрантите

mark-rutte

Последни вести

Холандија, која на почетокот на годината го презеде претседателството со Европската унија, има цел следните месеци значително да го намали бројот на мигрантите, кои стигнуваат во ЕУ, изјави на прес-конференција холандскиот премиер Марк Руте, пренесува МИА.

Според Руте бројот на мигрантите сега е огромен и е невозможно во иднина да се дозволи оваа бројка да остане на тоа ниво.

Неопходни се дополнителни напори за зачувување на внатрешните граници. Треба да го намалиле значително бројот на лицата, кои доаѓаат, праведно да ја споделиме тежината, секоја држава во ЕУ треба да обезбеди соодветни услови за прием. Со сегашната бројка не можеме да продолжиме и понатаму, посочи Руте.

Тој додаде дека е потребно шемите за квотите за сместување на мигрантите да почнат да функционираат.

Не сум од идеалистите, кога говорам за иднината на Европа. Затоа нашето претседателство е прагматично, изјави холандскиот премиер.

Во однос на прашањето за останувањето на Велика Британија во ЕУ тој изјави дека е оптимист дека ќе биде постигнат договор следниот месец.

Немаме време за губење. Европа е соочена со можноста од сложени проблеми, потребна е европската соработка. За да биде силна Европа треба да биде обединета. Ветувањата треба да се зачуваат, тоа е главната идеја на нашето претседателство. Миграцијата и меѓународната безбедност се приоритети на нашиот дневен ред. Холандија одлучно го застапува ставот и дека европското законодавство треба да биде растоварено од непотребни текстови, додаде премиерот.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изрази очекување дека холандското претседателство ќе отвори дебата за иднината на еврото, за европската заштита на инвестициите.

Најчитани вести