Холандија прв финалист на СП за ракометарки

Холандија прв финалист на СП за ракометарки
Холандија прв финалист на СП за ракометарки
Репрезентацијата на Холандија е првиот финалист на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска. Синоќа во полуфиналето Холандија ја победи Полска со 30:25 (15:8). Холандија е единствената селекција без пораз на првенството.

Натпреварот беше изедначен само во првите десет минути кога Холандија водеше со 5:4, но потоа со серија од 6:0 Холандија создаде предност која Полска во текот на целиот натпревар не успеа да ја намали.

Најефикасна кај Холандија беше Естевана Полман со 6 голови, додека Тес Вестер имаше 12 одбрани на голот на Холандија.

Финалето и натпреварите за конечен пласман се играат во недела (20.декември).