Холандија: Војниците да не користат јавен превоз униформирани

Министерство за одбрана од Холандија ги советува војниците да не носат униформи во јавниот транспорт, поради зголемените закани дека земјата може да биде цел на напади на радикални муслимани.

Марлус Висер, портпаролката на Министерството, денеска изјави дека одлуката е донесена синоќа, кога Владата објави дека ќе испрати шест авиони-ловци Ф-16 кои ќе извршуваат воздушни напади врз терористичката група Исламска држава во Сирија и Ирак.

Соопштувајќи ја одлуката, холандскиот вицепремиер Лодевејк Асхер призна дека улогата на земјата во борбата против ИД носи опасност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.