четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Холандија: Западот е загрозен поради борбите за доминација меѓу ИД и Ал Каеда

Борбата за доминација на глобално ниво меѓу терористичките групи Исламска држава и Ал Каеда претставува закана за Западот, предупреди денеска холандската разузнавачка агенција, пренесува Танјуг.

132551215

Последни вести

Во годишниот извештај на агенцијата се истакнува дека Холадија се соочува со „сложени закани“ од насилни екстремисти, повратници од Сирија, оние на кои им е забрането заминување во странски војни и лицата радикализирани под влијание на пропагандите на џихадистите, кои можат да посакаат да извршат напад во своите домови.

Во Холандија, која учествува во меѓународните воздушни напади на позициите на ИД во Сирија и Ирак, и понатаму е во сила вториот највисок степен за предупредување од можни напади.

Холандската разузнавачка агенција тврди дека до крајот на 2015 година околу 130 лица ја напуштиле Холандија и заминале да војуваат во Сирија и Ирак, јавува Танјуг.

Најчитани вести