Холандска компанија ќе изработува физибилити студија за национален авиопревозник

Министерството за транспорт и врски склучи договор со фирмата „InterVISTAS Consulting B.V“ од Холандија како најповолен економски оператор за изработка на физибилити студија за можноста за формирање национален авиопревозник во Република Македонија.

Предвидениот временски период за изработка на студијата е 4 месеци во кои избраниот економски оператор треба во рок од 60 дена да ја изработи и заврши I –та Фаза од Студијата. Доколку Студијата од I –та Фаза покаже физибилност, компанијата има обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја изработи и заврши и II–та Фаза од Студијата.

Целта од изработката на физибилити студија е да даде јасна слика која ќе покаже дали има економска исплатливост и под кои услови ќе може да се формира, односно воспостави национален авиопревозник.

Владата на Република Македонија и понатаму останува целосно посветена на реализирање на цврстата определба кон идејата за воспоставувење на национален авиопревозник, како и продолжување на трендот на позитивните политики насочени во развојот на воздушниот сообраќај во нашата држава.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.