Холандска новинарка приведена во Турција поради текст на Твитер за Ердоган

Холандскиот весник „Метро“ соопшти дека негова новинарка била приведена во Турција на сослушување поради тескт за претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој таа го објавила на Твитер.

Весникот истакна дека новинарката со турско потекло Ебру Умар била приведена вчера.

Таа објавила на Твитер дека била одведена во полициска станица во одмаралиштето Кушадаси.

Засега нема официјални коментари од холандските и турските власти.

Во Турција се покренати околу две илјади случаи поради навреда на Ердоган.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.