Холандски експерти денес вршат обдукција на жртвите од соборенито малезиски авион

Холандското обвинителство започна првична истрага за соборувањето на малезискиот авион во четвртокот во Украина, при што загинаа сите 298 патници, од кои повеќето холандски државјани, пренесоа медиумите.

„Согласно законот, усвоен пред неколку години, Холандија може да води истрага за воени злосторства, дури и за оние кои се извршени во странство, доколку меѓу жртвите има холандски државјани“, објасни портпарол на обвинителството.

Холандски експерти денеска вршат обдукција на телата на жртвите во украинското гратче Торез и го истражуваат местото на трагедијата.