Свет

Холандски експерти: Возот со телата денес го напушта Торез

Холандски експерти: Возот со телата денес  го напушта Торез

Три членови на холандскиот тим за идентификација на жртвите од падот на малезискиот авион со 298 патници и членови на посадата денес ги прегледале телата кои се чуваат во фрижидерот на возот во местото Торез на истокот на Украина и најавиле дека возот денес ќе го напушти тоа место.
Експертот за судска медицина изјавил дека возот ќе отиде „тамо кадешто можеме да ја работиме својата работа„, пренел Ројтерс.
„Возот денес ќе тргне. Не знаеме точно кое време нити дестинацијата, но добивме ветување дека денес ќе тргне“, рекол Ван Вилет за новинарите собрани на железничката станица во Торез, гратчето кое е под контрола на проруските сили.
„Јас само сакам возот да стигне некаде кадешто ќе можеме да си ја сработиме својата работа. Тоа е во интерес на сите, а особено на семејствата на жртвите“, истакнал експертот.
Холандскиот тим за идентификација на жртвите од катастрофата денеска стигнал во Доњецк и ги прегледал телата на жртвите, а тоа се први меѓународни истражуваќи кои се стигнати на територијата под контрола на проруските сили од авионската несреќа која се сучи во четвртокот минатата неделе, во која загинаа 298 патници, од кои 192 биле Холанѓани.