среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Холандски премиер: Европа би можела да пропадне како Римското Царство поради мигрантите

На Европа и се заканува опасност да пропадне како Римското Царство поради последиците од мигрантската криза, изјави холандскиот премиер Марк Руте, чија земја треба да го превземе претседавањето со Европската унија.

mark-rutte

Поврзани вести

На Европа и се заканува опасност да пропадне како Римското Царство поради последиците од мигрантската криза, изјави холандскиот премиер Марк Руте, чија земја треба да го превземе претседавањето со Европската унија.

Во самата институција постојат бројни несогласувања околу прашањата за прифатот на стотици илјади Сиријци, Ирачани и Еритрејци кои поради конфликтите во нивните земји се во потрага по подобар живот во Европа.

migrantiiiii

Прв чекор е да се осигураме дека границите се контролирани. Како што веќе знаеме од примерот на Римското Царство, големите империи пропаѓаат ако границите не се добро заштитени, рече Руте, пренесуваат светските медиуми.

Руте разговарал со мала група репортери поканети да патуваат од Брисел во неговата канцеларија во Хаг во пресрет на превземањето на претседателството на Холандија со Европската Унија од 1-ви јануари.

За Холандската влада бегалската криза е еден од врвните приоритето за нивното претседателство.

Мора да го намалиме приливот на мигранти што доаѓаат во Европа. Неможеме да продолжиме со сегашното ниво, додаде Руте во интервјуто според „ EUObserver daily“.

Околу 850.000 лица влегле во ЕУ годинава, а повеќето од половината од нив ја поминале балканската рута. Властите во Холандија дадоа ветување дека ќе работат за да се одржи единството во ЕУ и да се заштити Шенген зоната.

Најчитани вести