Холандски тим за идентификација пристигна во Доњецк

Холандски тим за идентификација пристигна денеска во Доњецк. Тоа се првите странски претставници, кои доаѓаат на територија под контрола на бунтовниците, откако малезискиот „Боинг 777“ со 298 лица, од кои две третини Холанѓани, се урна таму во четвртокот.

Холанѓаните одбија да дадат какви било детали за своите планови. Претставници на сепаратистите во Доњецк изјавија дека бунтовничките лидери се подготвени да се сретнат со нив и да им помогнат да заминат на местото на падот на авионот или до возото каде се држат телата на некои од жртвите.

Според Сергеј Кавтарадзе, претставник на самопрогласената Доњецка народна република, бунтовниците ќе добијат совети од меѓународните експерти како на пример каде да го испратат возот.

Група малезиски претставници исто така треба денеска да пристигне во Источна Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.