Холанѓанецот Сим де Јонг два месеци надвор од теренот

Фудбалерот на Њукасл, Сим де Јонг, ќе отсуствува од теренот поради операција на белите дробови, наведува англискиот јавен сервис.

Холандскиот напаѓач истиот проблем го имаше и во 2013-та година, а неодамна се опорави од повредите на бутниот мускул.

„Повторно немав среќа, вредно тренирав за да се опоравам од повредите и ќе морам повторно да одам на подолга пауза“, вели Холанѓанецот.

„Навистина сум тажен, но верувам дека ќе се вратам посилен од претходно“, рече Де Јонг.

Тој летото за шест милиони фунти се пресели од Ајакс во редовите на Њукасл на Островот.

Холанданскиот фудбалер, поради чести повреди, одигра само три натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.