Холивуд ќе снима филм за бандата „Пинк Пантер“ во Србија

По остварувањето на „Ноемвриски човек“ во Србија ќе се снима уште еден холивудски филм и тоа за светски познатата разбојничка банда „Пинк Пантер“.

Како што пишува српски Курир, продуцентите на филмот планираат поголемиот дел од проектот, во кој ќе бидат вложени 100 милиони евра, да го одработат во Србија. Најголем дел од актерската екипа ќе биде сочинета од српски актери.

– Филмот ќе започне да се снима следната пролет. Продуцентите престојуваат во Србија и ги разгледуваат локациите. Веќе се размислува кој од актерите би можел да добие ангажман, па се шпекулира дека тоа би можеле да бидат поранешните сопружници Драган Мичановиќ и Ана Софреновиќ, како и Бранка Катиќ и Мики Манојловиќ, но и една холивудска ѕвезда, чие име се уште се држи во тајност. Кружат гласини дека дел од актерската екипа ќе биде и Леонардо Ди Каприо, но за сега тоа е неизвесно, вели извор за Курир.

Сознанијата ги потврдиле и од Српската филмска асоцијација.