Холивуд во шок: Почина младата актерка Скај Мекол Бартушијак

Актерскиот свет викендов е потресен од веста за смртта на 21 годишната Скај Мекол Бартушијак, младата актерка позната по улогата на ќерката на Мел Гибсон во филмот „Патриот“.

skyemccolebartusiak_1221073163

Безживотното тело на девојката е пронајдено во нејзината куќа, но причината за смртта засега не е позната. Според некои информации, наводно таа починала во сон во семејниот дом во Тексас.

Таа покрај улогата со Мел Гибсон се појавила и на филмското платно со Маjкл Даглас и Шарлиз Терон, а имала и епизодни улоги во сериите 24, Изгубени, ЦСИ и Доктор Хаус.

yay-11363054-digital 1405846828 670x0-433x650

495658 skye-mccole-bartusiak-foto-profimedia-rs ff-421x650