Холивудска трагедија: Рапер ја уби девојката, па си го одзеде животот

Глумицата Стефани Мозли, која играше во филмот „The Twilight Saga: Breaking Dawn“, вчера утрото е пронајдена мртва.

Сведоците велат дека слушнале пукање во времето кога раперот Ерл Хајс зборувал н а телефон со својот најдобар пријател Флојд Мејведер кој засега се смета за главен сведок. Ерл наводно му се јавил на својот пријател за да му каже дека Стефани го изневерува. Флојд се обидувал да го смири, но без никаков успех.

Полицијата била повикана од управата на хотелот по што се слушнале истерил и женски вресок, а пронајдени се две тела. Еден од соседите рекол дека Ерл и Стефани често се расправале и дека наводно планирале да ја раскинат својата врска.

Истрагата е во тек.