Македонија

Холивудски филмови ќе се снимаат во Македонија

Холивудски филмови ќе се снимаат во Македонија

Можноста за снимање холивудски филмови во Македонија за продуцентската компанија HMB-Hollywood Mеdia Bridgе денеска ќе биде презентирана во присуство на филмскиот продуцент и  оскаровец  Тимоти Марлоу, пренесува МИА.

HMB-Hollywood Mеdia Bridgе соработува со холивудските студија Warner Bros, MGM, Paramount, Universal Studios, Sony Pictures…, а има и успешна соработка со телевизиски канали, како Fox Channel, Reeiz Channel, SyFy, Lifetime…

Тимоти Марлоу има своја продукциска куќа и работи со филмскиот продуцент Фил Голдфајн, оскаровец и основач на Hollywood Mеdia Bridgе.  Марлоу е извршен продуцент на филмовите: Legend, Badge of Honor, The Lady in number 6 (за кој доби Oскар), The Cycle, Giganthropithicus.

Прес-конференција со продуцентот Марлоу ќе одржат директорите на Агенцијата за промоција на поддршка на туризмот (АППТ) и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кристијан Џамбазовски и Виктор Мизо.

АППТ информира и дека ќе организира инфотура за Фил Голдфајн, Тимоти Марлоу, за новинарот и продуцент Перси вон Липински и снимателот Роб Хабер за да ги запознаат убавините на Македонија. Перси вон Липински со тимот соработници ќе сними 15 кратки промотивни филмови за Македонија кои ќе се емитуваат на пет странски јазици на каналот Јутјуб.