Хомосексуалците во САД ќе можат да даруваат крв

Хомосексуалците во САД ќе можат да даруваат крв, под услов да има поминато една година по последниот сексуален однос, соопшти денеска американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Ваквиот предлог, со кој се укинува забраната за давање крв, што е на сила од 1983 година ќе биде претставен на почетокот на идната година.

Давањето крв за геј мажи е забрането по откривањето дека ХИВ вирусот се пренесува преку трансфузија на крв.

Велика Британија дозволува мажи хомосексуалци да даваат крв, само ако немале сексуален однос со партнер во последните 12 месеци.