Хондурас без лек за фантастичниот Бензема

Убедлива победа од 3:0, во дуелот против селекцијата на Хондурас, забележа најголемиот фаворит за првата позиција во групата „Е”, репрезентацијата на Франција.

Најзаслужен за освоените три бода е напаѓачот на Реал (М), Карим Бензема кој постигна два погодока на натпреварот, а на стартот од второто полувреме ефекетен автогол си постигна голманот на Хондурас, Ноел Валадарес, а при оваа ситуација за прв пат беше утребена и новата технологија „гол контрол” која даде јасен сигнал дека топката со целиот обем ја има поминато гол линијата.

„Искрено, среќен сум што постои ваква технологија. Судијата ја донесе вистинската одлука. Можам да ја сватам и реаквијата на селекторот на Хондурас, но не можам да сватам зошто кога беше покажана снимката од таа ситуација, прво беше покажано дека топката не ја поминала гол линијата, а потоа дека станува збор за регуларен погодок. Задоволен сум од играта на моите фудбалери, од убедливата победа. Ова е страт каков што сите посакувавме”, изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.