Хондурас шанса за победа на Еквадор

Далеку помалу внимание ќе привлече вторниот натпревар од второто коло во групата “Е”, дуелот помеѓу репрезентациите на Еквадор и Хондурас.Фаворитската улога им е доделена на репрезентативците на Еквадор кои одиграа одлично во дуелот против селекцијата на Шпанија, а заслужениот бод го прокоцкаа во судиското продолжение.

Иако, се уште има трауми од несреќниот пораз, селекторот на Еквадор, Реиналдо Руеда пред натпреварот против Хондурас изјави дека неговите фудбалер ќе го заборават тој натпревар и ќе ги освојат првите бодови на Мундијалот во Бразил.

„Таква е фудбалската игра, секоја грешка скапо се плаќа. Можам само да замислам каква ќе беше атмосферата во нашата соблекувална ако ние постигневме погодок во судиското продолжение. Точно дека ни е многу тешко, но се надевам дека моите фудбалери веќе го заборавија незаслужениот пораз од Швајцарија. Хондурас е противник кој заслужува максимален респект, но и ништо повеќе. Ако сакаме и понатаму да го сонуваме мундијалскиот сон, тогаш мора да победиме, мора да ги освоиме сите три бода”, изјави селекторот на Еквадор, Реиналдо Руеда.

Дуелот помеѓу Еквадор и Хондурас стартува во 00:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.