Свет

Хонг Конг: Десетина лица уапсени заради продемократски протести

Хонг Конг: Десетина лица уапсени заради продемократски протести

Десетина лица се уапсени по судири за време на вчерапните продемократски протести во Хонг Конг.

Полицијата употребила солзавец и палки за растерување на демонстрантите.

Ова се првите слични инциденти откако кон средината на месецот властите ги расчистија барикадите и шаторите, поставени од движењето „Окупирај го центарот“ и студентските организации во поранешната британска колонија, вратени на Кина во 1997 година.

Во соопштение полицијата ги обвини демонстрантите за предизвикување хаос и блокирање на улиците, во бизнис центарот Монкок.