„Хонвед“ пресилен за „Работнички“

Фудбалерите на „Работнички“ загубија со 4:0 од „Хонвед“ во реванш натпреварот од  квалификациите за Лига Европа и го завршија настапот во Европа. Унгарците на својот стадион во Будимпешта успеаја да ја анулираат предноста на „Романтичарите“ кои во Скопје победија со 2:1.

Унгарците, сепак, пред своите фанови го покажаа својот квалитет и забележаа убедлив триумф.

Фудбалерите на „Работнички“ имаа активен резултат во првото полувреме, иако губеа со 2:0 по головите на Холендер во 6 и 16  минута. Еден гол ги враќаше „Романтичарите“ во живот, но сите надежи за ново изненадување беа срушени во 62. минута кога судијата досуди пенал и му покажа црвен картон на  Ерера. Данило погоди од 11 метри за 3:0, а потоа стави точка на натпреварот со својот втор гол во 84. минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.