Хорачек и Новотни ќе ни судат на мечот со Србија

Двајцата судии што ни судеа минатата година, на возвратниот бараж меч со Грција, Јиржи Хорачек и Вацлав Новотни од Чешка ќе бидат главни арбитри и на мечот Македонија – Србија, кој се игра попладне во „Краков арената”.

Хорачек и Новотни го водеа мечот во Катовице меѓу Исланд и Белорусија.

Последен пат, нам ни судеа минатата година, на возвратниот бараж меч со Грција. Откако на првите два натпревари добивме судии од Данска и Германија, овој пат ќе ни судат Чеси.

За разлика од Србија која мора да триумфира ако сака да го продолжи престојот во Краков, Македонија со победа и реми ќе се квалификува за втората групна фаза.