Хорор во Делчевско: Со нож ја нападнал поранешната сопруга

Хорор во делчевско Трботивиште. Вчера утрината 48-годишен маж со нож ја нападнал поранешната сопруга во нејзиниот дом.

Настанот како што информира МВР се случил вчера во 09,50 часот во Делчево во село Трботивиште, во дворот од куќата на В.Ж.(33).

Нејзиниот поранешен сопруг О.С.(48) дошол заедно со неговиот татко М.С.(85),кој по вербалните закани упатени кон неа, во еден момент извадил нож.

Во вербалната расправија се вклучил и 48-годишниот В.С. по што О.С. го нападнал со ножот, прободувајќи го на десната рака, а потоа му нанел уште три убодни рани во пределот на десната нога, додека М.С. го удирал со дрвен предмет.

О.С. и М.С. се приведени од страна на полициски службеници, а повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен во МЦ Делчево, од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.