ХОРОР: Излегол на тераса да пие кафе, го изрешетиле со снајпер

Маж е убиен утринава во Зворник и тоа со снајпер, околу 8 часот и 40 минути.

Се работи за Чедо Џокиќ кој се наоѓал на својот балкон кога непознат насилник отворил оган од снајпер и го изрешетил.

Мажот бил погоден со два куршума од кои за жал починал и покрај напорите на лекарите.

Постојат сомневања дека се работи за нарачана ликвидација.