Хорор: Ја запалил поранешната сопруга па скокнал во смрт со малиот син

Еден 25-годишен човек, кој со својот тригодишен син скокнал од деветти кат од зграда во Шенова, во близина на Дижон. Тој загинал на самото место, додека детето починало во болница.

Човекот скокнал од зградата по кавга со 23-годишната сопруга која е тешко повредена.

Мајката е хоспитализирана со сериозни изгореници во болницата во Дижон, и се наоѓа во критична состојба, пренесе АФП. Таткото ја запалил сопругата  со супстанца која се уште не е идентификувана.

Спорeд пишувањето на францускиот  весник „Фигаро“  таткото ова го направил по одлука на судот на мајката да и’б се додели старателството врз синот.

И натаму се чека официјалното соопштение  од француската полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.