Хорор: Леонардо ди Каприо за малку ќе го изела ајкула на снимање на филм

Додека го снимал филмот „Крвави дијаманти“, актерот се нашол во кафез со ајкули и тврди дека такво нешто никогаш не би повторил, бидејќи смртно се исплашил.

„Цел живот се плашам од ајкули, па тогаш замислете како ми беше кога на снимањето на „Крвави дијаманти“ се најдов очи в очи со бела ајкула. Истовреме беше совршено и страшно,“ изјави Ди Каприо при гостување во едно шоу.

Актерот раскажа како ајкулата го скршила капакот на кафезот за кој била врзана туна, со која ја залажувале, па половина била внатре, половина надвор.

„Никогаш не би повторил такво нешто. Речиси се задушив од страв, започнав неконтролирано да голтам вода, а ајкулата која за малку не ме растргна. За среќа се добро се заврши,“ изјавил преплашениот актер.