Хорор: Најдено обезглавено тело во близина на железничка пруга

Обезглавено тело било најдено денес во близина на Железничкиот мост во Белград.

Како што пишува српски „Курир“, повикувајќи се на информации од српското Министерство за внатрешни работи најверојатно станува збор за тело на 50 – годишен маж.

Обезглавено тело било најдено денес во близина на Железничкиот мост во Белград.
Обезглавено тело било најдено денес во близина на Железничкиот мост во Белград.

Телото било пронајдено од страна на диспечерот во 7.10 часот утрово во улица „Бродарска“, или на 100 метри пред Железничкиот мост на пругата од правец на Нови Београд.

Припадниците на МВР што прават увид на местото на настанот не пронашле лични документи.

Главата, што е отстранета од телото, не се наоѓа во близина на мостот каде е затечена оваа грозоморна глетка.