Хорор: Пациент со нож избодел медицинска сестра

Во здравствениот дом во Шабац, Србија пациент избодел медицинска сестра која искрварела. Инцидентот, како што јавува српски „Курир“ се случил нешто по 10 часот утрово.

Според неофицијалните информации пациентот влегол во ординацијата и со нож ја избодел медицинската сестра, а потоа седнал во чекалната каде полицијата го уапсила.

В.В. кој ја избодел медицинската сестра имал психијатриски проблеми и неколку години лежел во затвор затоа што усмртил дете во сообраќајна несреќа. Медицинските лица наведуваат дека на сестрата и била пресечена каротидната артерија поради што искрварела, пред да биде пренесена во Ургентен центар.

Мотивот за нападот засега останува непознат. Напаѓачот бил фатен, а полицискиот увид е во тек.