Хорор: Среде бел ден и провалиле во домот на прилепчанка ја ограбиле и претепале

Повозрасна жена во Прилеп доживеала вистински хорор. Среде бел ден четири непознати лица провалиле во нејзиниот дом и извршиле разбојништво врз неа.

Како што јавува МВР, Ц.Т. (66) од Прилеп пријавила дека вчера околу 15.00 часот четири непознати лица извршиле разбојништво врз неа.

Сторителите насилно ја извадиле заштитната метална мрежа, го скршиле стаклото од прозорецот и влегле во собата во која спиела Ц.Т. и со закана со нож и побарале пари.

Бидеќи не сакала да им даде пари  ја удирале со тупаници и стап по целото тело, заканувајќи и се дека ќе ја заколат.

После тоа таа им дала 500 денари, а едно од лицата и го зело мобилниот телефон, а потоа преку скршениот прозорец излегле и заминале во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.