Хорор: Стаклен мост пукнал додека туристи оделе по него

Група кинески туристи поминала низ вистински пекол кога под нозете им пукнал стаклен мост, кој се наоѓа на висина од 1.000 метри.

Една од туристките поставила фотографија од напукнатиот стаклен мост на друштвените мрежи и напишала дека почуствувала неверојатен страв додека поминувала преку овој стаклен мост поставен околу планината Јунтаи.

-Бев сведок на неверојатен настан. Стаклениот мост околу планината Јунтаи само што пукна. Само што зачекорив слушнав звук на пукање. Погледнав под себе и видов дека стаклото е пукнато. Не знам како се случи ова, а сите одеднаш започнаа да викаат и бегаат, рекла туристката.

Нејзината фотографија е тргната од друштвените мрежи, бидејќи наводно привлекла огромно внимание и предизвикала паника. Претставниците на овој парк изјавиле дека дел од мостот е затворен додека не се реши проблемот со стаклото, но истакнале дека ничиј живот не бил во опасност.