Хорор: Татко и син до смрт го претепале љубовникот на мајката

Уште една трагедија ја потресе Србија – татко и син од Бела Паланка заедно со уште двајца пријатели до смрт го претепале љубовникот на мајката, иако сопружниците веќе една година биле разведени.

Миодраг Џориќ(44) и неговиот син Никола(22), заедно со нивните пријатели А.Т.(22) и И.С.(37) се уапсени поради сомневање дека на суров начин го усмртиле Дејан Димитријевиќ (45) во неговата куќа во Бела Паланка.

Напаѓачите се бранеле во полиција дека не знаеле дека го претепале до смрт сега починатиот Дејан и дека намерата им била само да го заплашат, но ситуацијата излегла од контрола.