Хорор во Делчево: Влегол во спалната соба и ја ограбил

Млада девојка доживеала вистински хорор во Делчево. Таа вчера во 08,10 часот по телефон во Полициската станица Делчево Е.И.(19) од Делчево, пријавила дека истиот ден во 05,50 часот  во спалната соба од нејзиниот дом влегол П.Р. извадил нож од џебот и од нејзината чанта земал 1.000 денари и мобилен телефон.

Како што јавува МВР, кога оштетената му рекла дека ќе го пријави во полиција, истиот со тупаница ја удрил во пределот на лицето, а потоа избегал.

По укажаната лекарска помош, истата во ПС-Делчево донела лекарска потврда за набиеници и подлив на челото. Од страна на полициски службеници П.Р. од Делчево е пронајден и приведен за понатамошна постапка.