Хорор во Куќа: Легло од 300 змии во детски кревети

Семејството Шимуновиќ од Србија е иселено од домот, затоа што во нивната куча биле најдени поскоци и смокови.

Милан Шимуновиќ од селото Дрновац пронашол во куќата легло од дури 300 змии што ја преплавиле целата куќа на ова смејство.

Во леглото на смоковите најдени се и неколку поскоци, најотровната змија во Србија.

Шокиран од откритието Шимуновиќ ја пребарал куќата и заклучил дека влекачите се накотиле зад ламперијата на таванот на куќата, а затоа што нашол неколку змии и во детските кревети, пријавил на надлежните што моментално го раселиле семејството.