Хорор во Полска: Србин ја заклал сопругата

Страшно убиство денеска ја потресе Полска. Триесет и две годишниот Фехмин.В., муслиман од Србија, ја заклал својата сопруга 28-годишната Камила.В.. Тој повеќепати со нож ја бодел по телото.

Фехмин по убиството планирал да избега од Полска, но бил уапсен од страна на полицијата во Краков. Во себе имал авионски билет за Виена.

Како што пренесуваат полските медиуми Фехмин и Камила се запознале преку интернет, веднаш започнале заеднички живот, се венчале и добиле син.

Но, како што изјавиле нивни познаници, среќата на Камила и Фехмин не траела долго. По свадбата Фехмин почнал да го покажува своето вистинско лице, и забранувал на Камила да излегува и ја третирал како негова сопственост. Таа решила да го прекине бракот и го избркала од станот во којшто живееле.

Фехмин се иселил но набрзо се вратил и ја заклал несреќната жена.