Хорор во Ресен: Тинејџер ја силувал малолетната братучетка

ресен

Случајот во полиција вчера го пријавиле девојчето и нејзиниот татко. Силувачот извесен период живеел во Ресен заедно со нив и во два наврати извршил полови дејствија над неа.

Првото дејствието се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејствие. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.