Хорор во Штип: Се скарал со сопругата, па се обидел да ја убие

Кривична пријава е поднесена против Т.Ј.(33) поради постоење основи на сомнение дека истиот сторил кривично дело „убиство во обид“ при вршење на семејно насилство за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено на 17.01.2015 година околу 22,30 часот во Штип по претходна расправија, пријавениот со остар предмет и нанел тешки телесни повреди во пределот на главата и раката на неговата сопруга.

Сопругата била пренесена во Клиничката болница Штип каде е задржана на лекување.