Хорор во Србија: Се разнел со бомба пред неподвижната мајка

Предраг Ракочевиќ (38) се разнел со бомба во семејниот стан на Булеварот на ослободувањето бр.:92 во белградската населба Банјица, пишува српски „Курир“.

Ракочевиќ кој во моментите на нервно растројство актвирал бомба кашикара пред неподвижната мајка, починал на лице место, а жената останала неповдерена за тоа што Предраг легнал врз бомбата.

Соседите што ја слушнале експлозијата, но како што велат не можеле да претпостават што се случило.

Тие велат дека им било чудно затоа што тоа утро не го виделе како го шета кучето, како што правел секое утро.

Според зборовите на соседите, Предраг по доселувањето од Бијелина во станот живеел заедно со мајка му која е неподвижна. Неговиот татко починал пред шест месеци и оод тогаш го гледале само додека го шетал кучето.

-Со никого во зградата не се дружеа веќе неколку години. По смртта на таткото на Предраг не комуницираа многу со нас, вели соседката која живее веднаш до семејството Ракочевиќ.

Таа рекла дека непосредно по трагедијата во станот пристигнала и сестрата на Предраг Наташа, која веќе извесно време не живеела заедно со нив.