Хорор во тетовско Беловиште: Ја врзале, ја претепале и ја ограбиле

Вистински хорор доживеала 64-годишна жителка на тетовското село Беловиште.

Како што информира МВР, утрово околу 02.50 часот две непознати маскирани лица влегле во куќата на Љ.Б. (64) и извршиле разбојништво врз неа.

Сторителите ја врзале и  ја удирале по што извршиле пребарување и  одзеле златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.