Хорор во Тетовско – внук со нож ја прободел бабата

Дваесет и едно годишниот Н.И. со нож ја прободел неговата 47 – годишна баба А.И. при што и нанел телесни повреди.

Како што соопштува МВР, инцидентот се случил вчера, околу 20. 15 часот во семејната куќа на дедото на Н.И., З.И. (52), во село Боговиње, Тетовско.

Жената била пренесена во Клиничкиот центар Тетово, а Н.И. е приведен во полициската станица во Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.