Балкан

Хорор во Турција: 21 жртва на автобуска несреќа

Хорор во Турција: 21 жртва на автобуска несреќа

Најмалку 21 лице загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава во централна Турција.

Локалната полиција соопшти дека до трагедијата дошло кога автобусот се излизгал на заледениот автопат.

Според портпаролот на полицијата, на лице место загинале 20 лица, а уште еден патник им подлегнал на повредите на пат кон болница.

Некои од патниците загинале кога скокнале од прозорците на автобусот, кој додал дека бројот на жртви ќе порасне бидејќи во болница има уште двајца патници кои се во критична состојба.